Денес (22 февруари) во Младинскиот културен центар (МКЦ) во 20 часот, во чест на петгодишниот јубилеј, независниот театар „Златен Елец“ ќе ја изведе претставата „Хинкеман“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска.
„Хинкеман“ е работена е според анти-воената и експресионистичка драма (Der deutsche Hinkemann, 1923) на Ернст Толер чија најголема инспирација бил актуелниот историски контекст и времето во кое создава. Текстот се обидува да ја пренесе духовната ситуација на народот и истовремено бара правда и подобра иднина со цел да се исправи кривата сликата на тогашното општество.
Играат: Бобан Алексоски, Дритон Вејсели, Талија Настова/Надица Петрова, Ане Блажовски, Леонида Гулевска и Бранко Михајлоски, музиката е на Лука Тошев. Претставата е копродукција со Млад отворен театар и лани го отвори фестивалот.
Независниот театар „Златен Елец“ Скопје, постои од 2020, основачи се актерите Бобан Алексоски и Надица Петрова.