НОРВЕШКИТЕ ДЕЦА ПОВТОРНО ТРГНАА НА УЧИЛИШТЕ ПО ШЕСТ НЕДЕЛИ

Осло, (Гардијан)

Децата во Норвешка повторно тргнаа на училиште, откако владата дозволи отворање на основни училишта, тврдејќи дека ширењето на коронавирусот е ставено под контрола.

Една недела по отворањето на градинките и јаслите, децата до 10 години денеска повторно седнаа во училишните клупи откако во изминатите шест недели учеа од дома. Класовите ќе бидат ограничени на максимум 15 ученици.

По Данска, Норвешка е втората земја во Европа која почна да ги отвора образовните институции.

„Не смееме да го спуштиме гардот, мора да работиме напорно за да го одржиме ширењето на вирусот под контрола. Ако не бидеме внимателни, може да им сериозни последици“, кажа норвешката премиерка Ерна Солберг.

За тоа време, над шест милиони шпански деца до 14 години вчера за првпат излегоа од дома по шест месеци карантин. Засега се ограничени на еден час дневно и дозволено им е да возат велосипед, ролерки и скејтборд, додека игралиштата остануваат затворени.