Македонија регистрираше нов рекорд од 241 нов случај на коронавирус, додека во исто време беше надмината границата од 9.000 заразени.

  • Ковид-19 однесе уште осум животи во земјата, од кои по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга и по еден од Гостивар и Струмица.
  • Од почетокот на кризата, во Македонија починаа 414 лица.
  • Во изминатите 24 часа се потврдени 241 нов случај на коронавирус, со што беше надминат рекордот од 10 јули, кога имаше 205.
  • Тие се распоредени во дури 23 градови, но мнозинството се во Скопје (73), Штип (60) и Тетово (32).
  • Вкупната бројка заразени изнесува 9.026, пораснувајќи за илјада за само шест дена, најбрзо досега.
  • Досега оздравеле 4.727 лица, но има и 3.885 активни случаи.