НОВ ВИД ДИНОСАУРУС СО ДВЕ КАНЏИ ОТКРИЕН ВО МОНГОЛИЈА

Монголија, (Би-Би-Си)

Нов вид на диносаурус кој имал само две канџи е откриен во пустината Гоби во Монголија. Научниците велат дека видот е уникатен за група диносауруси наречена теринизосаурус, кои стоеле на задните нозе и обично имале три канџи.

Тој имал средна големина, со проценета тежина од околу 260 килограми. Истражувачите веруваат дека неговите долги, закривени канџи и способноста силно да ги свитка му овозможувале ефикасно да ја фаќа вегетацијата.

Теринизосауруси живееле во Азија и Северна Америка во периодот креда, кој почнал пред 145 милиони години и траел до пред 66 милиони години.

УНЕСКО ја смета пустината Гоби за најголемото наоѓалиште на фосили од диносауруси на светот.