НОВ ВИД НА ДИНОСАУРУС ПРОНАЈДЕН ВО ПУСТИНАТА АТАКАМА ВО ЧИЛЕ

Сантјаго, (Би-Би-Си)

Научниците идентификуваа нов вид на диносаурус од делови на скелет пронајден во Чиле. Остатоците се ископани во пустината Атакама во близина на градот Копијапо.

Експертите велат дека растителнојадниот титаносаурус имал мала глава, долг врат и необично рамен грб и живеел во некогаш буен предел пред 66-80 милиони години. Неговата должина е проценета на 6,3 метри.

Остатоците биле ископани уште во 1990-ите, а проучувањата биле направени во овој век. Се очекува тие да бидат изложени во Природонаучниот музеј на Чиле.