Во Македонија денеска се потврдени уште 12 нови случаи на коронавирус, десет помалку од вчера и сите се во два града – Скопје и Куманово.
Со тоа бројката заразени порасна на 149, од кои првата пациентка е излекувана, а двајца починаа.
Меѓу новозаразените во Куманово се тројца здравствени работници, а поради пораст на бројот на позитивни случаи во градот, Владата донесе одлука за воведување нови рестриктивни мерки. Се укинуваат меѓуградскиот превоз од и до Куманово и градскиот превоз и се затвораат сите продавници во рамките на полузатворените трговски центри во градот.
На светско ниво има над 400.000 заразени и повеќе од 18.000 починати.