НОВИОТ СОСТАВ НА ЕВРОПСКАТА ВЛАДА Е ПРИМЕР ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

Брисел, (Би-Би-Си)

Родова еднаквост максимално ќе биде испочитувана во новата европска влада, во чиј состав ќе има рекорден број жени досега.

Ова следува откако Европската комисија неодамна првпат доби претседателка, бившата германска министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен и таа денеска ги соопшти имињата на кандидатите кои треба да ги водат 27-те ресори, по еден од секоја членка на Унијата. Ако биде одобрен од Европскиот парламент, во нејзиниот тим ќе има 14 мажи и 13 жени.

За еден од трите потпретседатели е предложена бившата данска министерка за економија и внатрешни работи Маргрет Вестагер, позната по тоа што водеше успешни европски истраги, кои резултираа со огромни казни за американските технолошки гиганти „Гугл“ и „Епл“.

Меѓу ресорите што ќе ги водат жени се и транспорт, здравство, еднаквост, демографија и иновации.