НОВИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ДЛУМ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВАТ НА ИЗЛОЖБАТА „НОВИ ЕНЕРГИИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Новите членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе се претстават со свои дела на изложбата „Нови енергии“, што ќе биде отворена на 14 февруари во галеријата во Домот на АРМ во Скопје. Станува збор за членови примени во 2023 и на првиот конкурс за 2024.

На изложбата ќе можат да се видат дела на Ана В’чкова, Весна Стефановска, Гоце Стоилковски, Дејан Давчевски, Доротеј Нешовски, Ирена Гапковска, Методи Исков, Никола Упевче, Марија Николова, Сарита Конеска, Софија Илиева, Ферди Булут, Филип Ристевски, Антоанета Малиновиќ, Бојан Вртев, Дефне Еминовска, Дорина Тенева, Драганчо Таневски, Елена Димова Пантелиќ, Јасмина Главинче, Јоана Арсовска, Леон Тенев, Методија Јованов, Павел Јовановски, Пале Јовановска, Тања Ристовска, Филип Новески, Озбек Ајваз, Ленче Коцевска, Аница Китаноска, Мила Добреска, Марија Трајановска, Виктор Јаневски, Стефан Анчевски, Лусијана Ампева, Марта Патлиџанковска, Љупка Галаска, Славица Танеска, Петар Миљковиќ и Мариго Исеини.