НОВОЗЕЛАНЃАНИ ДОНИРАЛЕ ДВА МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА СПАС НА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДО

Окленд, (Гардијан)

Новозеланѓани донирале два милиони долари за само 24 часа, за да спасат фабрика за чоколадо во Данедин.

Компанијата „Мондалез“ во февруари објави дека наредната година планира да ја затвори фабриката на „Кадбери’, која има 80-годишна традиција, со што 350 луѓе би останале без работа.

Локалната група „Спасете ја фабриката“ се обиде да ја купи фабриката за десет милиони долари, но не успеа.

Кампањата за собирање средства беше покрената оваа недела и за помалку од два дена, 3.500 луѓе донирале вкупно два милиони долари, со што се отвори можност за продолжување на производството во градот. Поради големиот интерес, сајтот неколкупати паднал.

Секој што донирал 100 долари ќе добие една акција во новата компанија, како и доживотна залиха на чоколадо.