ОБЛЕЧЕНИ КАКО ТЕЈЛОР СВИФТ, ФАНОВИТЕ ПЛАЧЕА И ГИ ПЕЕЈА НЕЈЗИНИТЕ ПЕСНИ ВО ВИЕНА

Виена, (Би-Би-Си)

Фановите на Тејлор Свифт покажаа дека можат да најдат светлина во мрачен момент.

Откако беа откажани концертите на суперѕвездата во Виена поради спречен терористички напад, обожавателите на американската пејачка излегоа на улиците на Виена во знак на солидарност. Тие пееја заедно, делеа нараквици за пријателство и ја правеа знаци во форма на срце со рацете.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажаа обожаватели како ги пеат нејзините хитови плајечејќи. Фановите беа облечени во стилот на Свифт, од различни периоди на нејзината кариера.

Фото: АП

На 8 август требаше да се одржи првиот од трите концерти на Свифт на стадионот Ернст Хапел, и местото беше затворено, но стотици фанови се тешеа еден со друг низ градот. Организаторите очекуваа до 65.000 публика.

Фото: АП