ОД 4 ДО 10 СЕПТЕМВРИ ПРВ ФЕСТИВАЛ НА ЏЕЗ, ВОРЛД И СОВРЕМЕНА МУЗИКА ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Од 4 до 10 септември, Велес ќе биде домаќин на првиот фестивал на џез, ворлд и современа музика. Фестивалот ќе се одржи на неколку локации, а организатор е здружението „Арт генератор“.

„Предвидено е фестивалот да има четири вечери, поделени по жанрови. Се надевам дека публиката ќе ужива во сите четири вечери и во изборот на музиката и учесниците кои го нудиме“, кажа организаторот Борче Пејчев.

На фестивалот ќе настапат „Перија“, Енес Беговски, Дина Јашари, Сашко Костов, „Летечки пекинезери“, „Такси конзилиум“ и „Бобхедс“. Концертите во Спомен-костурницата и во „Паб“ се бесплатни, а оние во Велешки театар се со билет.

„Сакаме на велешката публика да ѝ понудиме поширок асортиман на музички жанрови, современа музика, поширока лепеза која ќе ги заинтересира. По концертите во театарот, на паркингот две вечери по ред ќе има забави со диџеи“, рече Сашко Костов.

Фестивалот е финансиски поддржан од Општина Велес и спонзори.

П. ПЕЧКОВ