ОД УТРЕ СЕ ЗАОСТРУВААТ КОВИД МЕРКИТЕ ВО ЗЕМЈАТА – ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 20 ЧАСОТ, СЕ ЗАТВОРААТ УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Нови рестриктивни мерки од утре стапуваат на сила во Македонија, откако во изминатиот период беше забележан константно висок број на новозаразени и починати од ковид-19 како резултат на ширењето на британскиот сој, а болниците се ставени под најголем притисок од почетокот на епидемијата. Овие мерки ќе важат во наредните две недели.

  • Место од 22, полицискиот час од утре ќе почнува во 20 часот, а ќе завршува во пет часот.
  • Угостителските објекти целосно ќе бидат затворени од 7 до 21 април, вклучувајќи ги и оние во хотели, мотели и бензински станици.
  • Од утре се затвораат и теретаните и се забранува одржувањето на конференции и семинари.
  • Обложувалниците продолжуваат да работат, но нема да биде дозволено да се седи внатре.
  • Од Министерството за здравство кажаа дека овие мерки се донесени за да се избегне целосно затворање за претстојните празници Рамазан Бајрам и Велигден.
  • Во првите пет дена од април, 196 лица ја изгубија битката со ковид-19, а има и повеќе од 5.000 новозаразени.
  • Бројот на активни случаи на коронавирус се искачи на 20.802.