Рекорден број гледачи за женски спортски настан е регистриран на одбојкарски колеџ натпревар во САД. Мечот на кој Небраска ја совлада Омаха на својот стадион „Меморијал“ се одигра пред 92.003 гледачи, со што беше соборен светскиот рекорд од лани, од дуелот од Лигата на шампионите помеѓу Барселона-Волфзбург, кога на „Камп ноу“ имаше 91.648 луѓе.
Досегашниот рекорд во САД беше 90.185 гледачи, од финалето на Светското кошаркарско првенство во 1999, во кое Американките ја совладаа Кина.
Официјалниот капацитет на „Меморијал“ е 85.000 гледачи за фудбалски натпревари, но тој сега беше проширен со места на теренот.
Одбојката ја надмина кошарката како најпопуларниот женски средношколски спорт во САД, а во самата Небраска одамна е број еден.
(Фото: АП)