Во Македонија денеска се регистрирани осум нови случаи на коронавирус, што е најголем пораст на бројката заразени во еден ден. Меѓу нив се и двајца лекари и две медицински сестри во Дебар, што се први позитивни случаи меѓу здравствените работници кои имале контакт со заразени лица.

  • Во Македонија досега има 32 случаи на коронавирус, од кои првата пациентка е излекувана.
  • Првите три денешни случаи се откриени на приватната клиника „Жан Митрев“ и сите пациенти се од Скопје, вклучувајќи брачна двојка која неодамна се вратила од Бугарија.
  • Покрај здравствените работници од Дебар, позитивен тест имала и сопругата на пациентот од Скопје.
  • Поради кризата со коронавирусот, поради што во Македонија веќе се на сила низа рестриктивни мерки, на денешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски беше побарано одложување на парламентарните избори, закажани за 12 април.
  • Бројката заразени со КОВИД-19 на светско ниво се ближи кон 200.000, а починале над 7.500 луѓе.