ОТКРИЕНА НАЈОДДАЛЕЧЕНАТА ЦРНА ДУПКА ДОСЕГА, ЗАБЕЛЕЖАНА 690 МИЛИОНИ ГОДИНИ ПО БИГ БЕНГОТ

Берлин, (Би-Би-Си)

Астрономите објавија дека ја откриле најоддалечената супермасивна црна дупка позната на науката.

Таа се наоѓа на далечина од 13 милијарди светлосни години и толку е далеку, што можеме да ја забележиме дури 690 милиони години по Биг бенгот.

Иако со маса 800 милиони пати поголема од сонцето, таа успеала да порасне така голема изненадувачки брзо по настанувањето на универзумот.

Ова откритие беше објавено во магазинот „Природа“.

Овој остаток од раниот универзум активно ја голта материјата во центарот на галаксијата, формирајќи таканаречен квазар. Материи, како гас, што ќе паднат во црната дупка потоа формираат супержешка маса околу него.

„Квазари се меѓу најсветлите и најоддалечени вселенски објекти, кои се многу важни за разбирањето на раниот универзум“, кажа Брам Фенеманс од Институтот за астрономија „Макс Планк“ во Германија.

Квазарите им се интересни на астрономите, затоа што потекнуваат од времето кога универзумот имал само пет проценти од сегашната старост.