КАКО ДА ЈА РЕДИЗАЈНИРАТЕ КУЈНАТА ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ

Њујорк, (Ен-Би-Си)

За сите тие кои сакаат да слабеат, факторот „дизајн на кујна“, колку и да личи неважен, е доста влијателен во нашиот начин на исхрана и може да има позитивни или негативни ефекти, во зависност од тоа како го уредуваме ентериерот. Еве неколку совети за успешно и „диетално“ дизајнирање.

Држете го овошјето над масата или врз кујнските елементи. Секогаш кога ќе помислите на мала закуска, ќе можете да се задоволите со свежо овошје.

Скријте ги благите работи. Ако имате зависност од чоколадото, скријте го во шпајзот или во фрижидерот. А, најдобро би било кога целосно би го отстраниле од куќата. На тој начин, ако сакате нешто благо, ќе треба да отидете до продавница и да купите нешто малечко, за да не можете да изедете цело пакување.

Внесете музика во вашата кујна. Без разлика дали имате радио, звучници за вашиот ајфон или друг начин на кој слушате музика, пуштете нешто додека готвите или јадете. Музиката многупати има смирувачки ефект, кој ве поттикнува да јадете помалку.

Сменете го распоредот на јадењата. Гледајте здравата храна секогаш да ви биде при рака. Ставете ги грицките на понедофатливо место или зад здравата храна.

Чувајте резервна храна за итни моменти. Понекогаш може да се случи да немате доволно време за пазарење, но тоа не значи дека треба да се навратите на нездравата храна. Секогаш држете резерви замрзнати зеленчук и овошје, како и кафеав ориз, киноа, конзерви грав, ореви и семиња во оставата.