НЕОБЈАВЕНИ ПЕСНИ ОД ЏИМИ ХЕНДРИКС ЌЕ БИДАТ ИЗДАДЕНИ ВО МАРТ

Њујорк, (АП)

Необјавени песни, снимени од Џими Хендрикс меѓу 1968 и 1970 година, ќе бидат издадени наредната година.

Албумот наречен „Двете страни од небото“ ќе излезе на 9 март и ќе содржи 13 песни, од кои десет никогаш досега не биле објавени.

Новиот албум е третата епизода во трилогијата од архивата на легендарниот гитарист, кој почина во 1970 година. „Долините на Нептун“ беше издаден во 2010, а „Луѓе, пекол, ангели“ во 2013 година.

Еди Крамер, кој беше снимател на сите албуми што Хендрикс ги има направено во неговиот живот, кажа дека 1969 беше многу експерименална година за големиот музичар и дека беше воодушевен од работата на новиот албум.

„Првата работа што ќе ја помислите откако ќе ја пуштите снимката е ‘О, боже, ова е неверојатно добро‘. Педесет години подоцна, повторно ги слушам песните и тоа повторно е неверојатно искуство“, вели Крамер.

Повеќето од песните на албумот Хендрикс ги снимил со триото “Џипси бенд“, заедно со Бади Мајлс и Били Кокс, но се појавуваат и други музичари.