ОТВОРЕН ДЕН ЗA ПЛИВАЊЕ ВО СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во рамките на Европската недела на спортот, наредниот четврток и петок во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи отворен ден за пливање.

Од 18 до 20 часот, влезот во базенот ќе биде бесплатен за сите посетители, а познати македонски пливачи ќе ги презентираат дисциплините во пливање. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со пливачките клубови кои држат часови по пливање во базенот, а претставници од кајакарскиот клуб Илинден ќе го претстават овој спорт.

Пливањето е одлична рекреативна активност за сите возрасти. Токму преку овој отворен ден ќе ги презентираме придобивките од овој спорт, а пливачките клубови ќе ги запознаат родителите кои сакаат да ги запишат своите деца да тренираат пливање. Од кајакарскиот клуб Илинден ќе им овозможат на посетителите да веслаат кајак“, велат одговорните на базенот во „Борис Трајковски“.