ПЕЈАЧОТ НА „РАМШТАЈН“ ДОБИ СТАТУА ЗА 60. РОДЕНДЕН, ЈА УКРАЛЕ ЗА ПОМАЛКУ ОД 24 ЧАСА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Статуа на фронтменот на „Рамштајн“, Тил Линдеман, е украдена само ден откако беше поставена во германскиот град Рошток. Таа беше поставена близу населбата во која што пораснал во чест на неговиот 60. роденден.

Германскиот магазин „НДР“ објави дека полицијата на Рошток денеска била известена дека некој ја украл статуата околу 10 часот и се бараат сведоци кои можеби виделе нешто. Статуата била изработена од уметница под името Рокси и стоела на своето место неполни 24 часа.

Ова не е првпат во Рошток да исчезне статуа посветена на локален уметник. Во јули 2019 беше украдена статуата на раперката Мартерија, изработена од истата уметница. Градските власти тогаш демантираа дека стојат зад нејзиното отстранување.