„ТОБИ“ НА ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ ОСВОИ ПЕТ НАГРАДИ ВО ПОДГОРИЦА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Куклената претстава „Тоби“, во режија на Драгослав Тодоровиќ од Србија и во продукција на Театарот за деца и младинци, освои пет награди на 7. Меѓународен фестивал за кукларство во Подгорица.

Куклите-животни од „Тоби“ се во нивната оригинална големина, а со нив работат актерите Марија Ѓорѓијовска, Катарина Илиевска-Силјановска, Винета Дамческа-Мојаноска, Ана Левајковиќ-Бошков и Мики Анчевски.

„Тоби“ е наградена со Гран при за најдобра претстава, најдобра режија (Тодоровиќ), актерско мајсторство за Ѓорѓијовска, најдобро техничко-естетско решение на кукли (Ирина Сомборац) и за најдобра претстава од Детското жири на фестивалот.

ТДМ со „Тоби“ во наредниот период ќе учествува на фестивалот во Суботица.