ПИСАТЕЛКАТА РОДНА ЈАНЧЕВА ЈА ДОБИ ВЕЛЕШКАТА НАГРАДА „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“ 

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Писателката Родна Јанчева е годинашната добитничка на наградата „Коле Неделковски“ за животно дело, што ја доделува Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес. Ова е шеста годинава како се доделува наградата.

Јанчева, која е магистерка по социјална работа, во 2016 го објави првиот роман „Детето со променет идентитет“, по што следеа „На брегот на Еуфрат“, „Неспокој“ и „Во тишината на немирот“, а годинава излезе „Непребол“. Два романа се и наградени.

Наградата се доделува на 2 септември, денот на смртта на поетот и револуционер Коле Неделковски, во неговата родна куќа во селото Војница.

П. ПЕЧКОВ