ПО 30 ГОДИНИ, ВЛАДО ЈАНЕВСКИ СЕ ВРАЌА НА МАКФЕСТ ВО ШТИП КАКО РЕВИЈАЛЕН ГОСТИН

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

Владо Јаневски ќе биде ревијален гостин на Макфест, кој ќе се одржи на 20 и 21 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип по 38. пат.

„Триесет години по ‘Чаирска романтика’ и ‘Еден бакнеж’ доаѓам повторно на Макфест. На 21 октомври, во Штип ќе настапам со новата песна ‘Златни години’“, изјави Јаневски.

„Златни години“ се насловени и неговите три концерти во Филхармонијата во Скопје, кои ќе се одржат на 16, 25 и на 26 ноември.

Покрај помладите пејачи кои ќе настапат на првата вечер на Макфест, на втората ќе настапат повеќемина познати изведувачи, велат од фестивалот. Меѓу нив се „Љубојна“, Андријана Јаневска, Ламбе Алабакоски, Бојана Скендеровски, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски и други. Водители ќе бидат Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски.