ПО МИЛИОНИ ГОДИНИ ПАТУВАЊЕ, КОМЕТАТА Ц/2023 СТИГНА ДО ЗЕМЈАТА, СЕ ОЧЕКУВА СПЕКТАКЛ ВО СРЕДИНАТА НА ОКТОМВРИ

Њујорк, (Форбс)

Ни се ближи небесен настан што ќе може да се види со голо око, бидејќи кометата Ц/2023 А3 позната како Цушиншан-АТЛАС ќе се појави на небото оваа есен. Новооткриената комета поминува покрај Земјата и луѓето во јужната хемисфера веќе имаат можност да видат комета која патувала милиони години за да стигне до нас.

Кометата би можела да биде светла како Венера, со што би била една од најсветлите во северната полутопка во последните 100 години.

Изгледите се одлични дека ќе имаме визуелно импресивен вечерен приказ во средината на октомври. Доколку времето дозволува, кометата ќе биде видлива во целата северна полутопка. Дури и градските светла нема да ја придушат“, изјави Шјиченг Џанг од опсерваторијата „Лоуел“ во Аризона.

Оваа комета првпат била забележана од кинеските астрономи во јануари 2023 и ова ќе биде првпат луѓето да ја видат.

Кометите како Ц/2023 А3 се големи правливи ледени топки и кога ќе почнат да се приближуваат до сонцето, тие се загреваат и испуштаат гасови и прашина и така се создава она што изгледа како опашка на кометата“, вели Пол Дилејни, почесен професор по физика и астрономија на универзитетот Јорк во Торонто.

(Фото: Ј. Белецки)