ПО РЕЧИСИ ДВА МЕСЕЦА НЕМА НОВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Уште две лица починаа од КОВИД-19 во Македонија, додека по речиси два месеца во Скопје не е регистриран нов случај на коронавирус.

  • Педесет и петгодишен прилепчанец и пациент од Битола се последните жртви на коронавирусот во земјата.
  • Со тоа бројката починати од КОВИД-19 порасна на 88.
  • Од направените 292 тестирања во изминатите 24 часа, потврдени се 13 нови случаи на коронавирус.
  • Пет новозаразени има во Велес, по три во Прилеп и Тетово и по еден во Куманово и Битола.
  • Досега се регистрирани 1.539 позитивни теста.
  • Оздравеле 1.057 носители на вирусот, што е 44 повеќе во однос на вчера.