ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД ВЕЧЕРВА СЕ СКРАТУВА НА САМО ЧЕТИРИ ЧАСА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
People enjoy sunny day at the terrace of a coffee shop at the main square in Skopje, Republic of North Macedonia, 28 April 2021.North Macedonia’s government has decided to ease measures preventing the spread of Covid-19.The coffee shops and restaurants in North Macedonia can receive guests again, but only outdoors.They can serve the guests until 20.30, since in the evening the "curfew" starts at 21.00, one hour later than the previous weeks.

Од денеска, дополнително се ублажуваат рестриктивните мерки во земјата, при што се скратува полицискиот час и се продолжува работното време на угостителските објекти.

  • Општата забрана за движење од вечерва ќе трае само четири часа: ќе почнува на полноќ и ќе биде на сила до четири часот.
  • Рестораните, кафеаните и кафулињата ќе можат да работат до 23:30 часот.
  • Се отвораат теретаните и фитнес центрите.
  • Дозволено е одржување настани согласно наменските протоколи, односно со 30% капацитет во затворено.
  • Во изминатите седум дена, во Македонија се регистрирани 1.237 нови случаи на коронавирус, како и 135 починати.
  • Бројот на активни случаи на зараза се намали на 9.955.