Македонија останува една од ретките земји во Европа каде што и натаму се применува полициски час поради кризата со коронавирусот, но општата забрана за движење овој викенд ќе биде ублажена.
- Шеесет и едногодишен пациент од Тетово е 90. жртва на КОВИД-19 во земјата.
- Во изминатите 24 часа се потврдени 14 случаи на коронавирус (од 242 тестирања) и тоа шест во Велес, пет во Скопје, два во Тетово и еден во Прилеп.
- Досега се регистрирани 1.586 заразени со коронавирус.
- Оздравеле уште 20 лица, а вкупно 1.099.
- Полицискиот час останува на сила и овој викенд, со тоа што ќе биде намален и ќе трае од 19 до пет часот, како во работните денови досега.
- Лицата над 67 години ќе смеат да излегуваат од пет до 12 часот, а малолетниците од 13 до 19 часот.