ПОЛНА САЛА ЗА НОВОГОДИШНИОТ КОНЦЕРТ НА „ЛУЈ“, ФОНДАЦИЈАТА НАГРАДИ ТРОЈЦА УСПЕШНИ УЧЕНИЦИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Сношти (27 декември) во Музејот на револуционерната борба се одржа Новогодишниот концерт на учениците од вокално инструменталниот оддел при ДМБУЦ Илија Николовски-Луј. Беа отсвирени 18 дела од ученици од средното музичко училиште, а настапи и една ученичка од основниот оддел. Публиката слушаше музика од повеќе светски и домашни композитори: Шуплевски, Рахмањинов, Чајковски, Илин.

Светлана Петровска, председателката на Фондацијата „Луј“, ги додели наградите со плакети и еднократна финансиска помош на учениците Филип Велковски, Јосипа Василевска и Анастасија Илиевска. Фондацијата „Луј“ исто така и додели плакета, благодарница на директорката, пијанистката м-р Даница Стојанова, за нејзиниот ангажман како и развој на музичката и балетската уметност во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј.

Улениците кои настапија на концертот со директорката Даница Стојанова (Фото: Г. Банџо)

Сите ученици имаа успешни настапи, салата беше полна, а публиката ги награди со големи аплаузи.

„Честитки за сите наши Лујовци, честитки за наградените ученици и големо браво за нашите наставници. Посебна благодарност до родителите за поддршката што ни ја давате, како и до сите пријатели, почитувачи на најубавата уметност, музиката. Од мое име и од името на колективот ви посакуваме среќни празници, со желби 2024 да биде просперитетна , блескава и безбедна година“, рече директорката Даница Стојанова.

Настапија учениците: Мартина Китановска, Мила Наумовска, Матеј Зашовски, Никола Соколовски, Баже Соколов, Петар Митиќ, Мартина Станчева, Илија Јовчев, Џеврие Туле, Филип Трајковски, Летиција Кондратенко, Иван Стојанов, Алек Гравчевски, Божана Гошева, Давид Павиќ, Анастасија Ристовска, Магдалена Дрмач, и Гоце Златев.