Половина од песочните плажи во светот можат да исчезнат до крајот на векот поради порастот на нивото на морето и другите ефекти на климатски промени. Први на удар ќе бидат Австралија, Канада, Чиле, Мексико, Кина и САД, велат експертите од едно ново истражување.
Голем дел од плажите, кои сега зафаќаат повеќе од третина од светската морска површина. најверојатно ќе станат остатоци од карпи, како што ќе расте нивото на морето и ќе се менува времето.
„Туристичките места со песочни плажи ќе се соочат со големи последици“, вели поморскиот експерт Микалис Вусдоукас од Истражувачкиот центар на Европската комисија во Испра, Италија.
Песочните плажи се важно живеалиште за широк спектар на животински видови и исто така го штитат брегот од ефектите на бурата.
Порастот на нивото на морињата во изминатите децении се должи на топењето на глечерите и ледените плочи. Според последните податоци, Австралија ќе изгуби најголема површина на песочни плажи до 2100 година, околу 14.849 километри.