ПОМРАЧУВАЊЕТО НА СОНЦЕТО СОЗДАДЕ ОГНЕН ПРСТЕН НАД ТИХИОТ ОКЕАН

Њујорк, (Ројтерс)

Месечината го блокираше поголемиот дел од сонцето преку Тихиот Океан во средата попладне, но само мал од светот имаше поглед на импресивно затемнување во вид на огнен прстен. Само Велигденскиот Остров и мала област близу јужниот врв на Чиле и Аргентина беа сведоци на прстенестото затемнување, кое траеше неколку минути.

Велигденскиот Остров беше едно од малкуте места каде што помина затемнувањето (Фото: АП)

„Огнениот прстен е искуство што се случува еднаш во животот. Особено овде во Рапа Нуи, со скулптурите во позадина, изгледа спектакуларно“, изјави Росио Гарсија, турист на Велигденскиот Остров.

Прстенесто затемнување се случува кога месечината се наоѓа предалеку од Земјата за да го блокира целото сонце, при што се создава темна силуета окружена со прстен од светлина, наречен антумбра, односно огнен прстен.

Околу 175.000 луѓе живеат на просторот по кој помина затемнувањето, па спектаклот беше привилегија за малкумина.

(Фото: АП)