ПОПАЈ И ТИНТИН СТАНУВААТ ЈАВНО ДОБРО НА 1 ЈАНУАРИ

Њујорк, (АП)

Анимираните ликови Попај и Тинтин стануваат јавно добро во САД од 1 јануари следната година и ќе можат слободно да се користат без нарушување на авторските права. Имајќи предвид дека тие првпат се појавија во 1929 година, тоа значи дека измина временскиот период во кој требаше да им се плаќа надомест на сопствениците на авторските права.

Морнарот Попај бил креиран од американскиот цртач И Си Сигар и првпат се појавил во стрип во 1929.

Зарем мислиш дека сум каубој?“, одговорил Попај на прашањето дали е морнар.

Она што требало да биде еднократно појавување прераснало во стрип преименуван во „Попај“. Ликот подоцна доби и глас во серијата цртани филмови, како и игран филм со Робин Вилијамс во главната улога.

Тинтин, пак, е дело на белгискиот цртач Ерже, креиран исто така во 1929. Тој последен пат се појави на големото платно во 2011, во долгометражниот анимиран филм „Авантурите на Тинтин“ на Стивен Спилберг.

Во изминатите години јавно добро станаа и ликови како Мики Маус и Вини Пу, кои прво беа експлоатирани во лоши хорор филмови.