Реткото растение познато како цвет на лешот процвета денеска (24 јануари) во Сиднеј, првпат после 15 години. Цвеќето испушта мирис сличен на гнило месо, а илјадници луѓе чекаа во редица за да го мириснат.
Цела недела граѓани доаѓаа во Кралската ботаничка градина во Сиднеј, љубопитно чекајќи да процвета растението со прекар Путриција, комбинација од гнил (putrid) и Патриција.
Големиот цвет има пурпурно-темноцрвени ливчиња, може да порасне до повеќе од еден метар и има зашилено средно стебленце кое може да достигне три метри.
Растението обично не цвета повеќе од еднаш на неколку години, а цветот трае само околу еден ден. Последен пат процвета во Сиднеј во 2010.
(Фото: СИПА)