ПОСЛЕДНАТА БЕЛА ЖИРАФА НА СВЕТОТ ЌЕ СЕ СЛЕДИ ПРЕКУ ГПС УРЕД ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД КРИВОЛОВЦИ

Најроби, (Би-Би-Си)

Единствената позната бела жирафа на светот доби ГПС уред за следење со цел да се спаси од криволовците во североисточна Кенија. Конзерваторите кажаа дека ренџерите на овој начин ќе може да го следат движењето на жирафата во реално време.

Жирафата има ретка генетска состојба наречена леукизам, која предизвикува губење на пигментот на кожата. Се верува дека овој мажјак е последниот од својот вид откако во март криволовците убија два члена од неговото семејство, па тој сега живее сам во округот Гариса во североисточна Кенија.

ГПС уредот бил ставен на еден од роговите на жирафата на 8 ноември. Тој ќе овозможи постојано да се следи нејзиното движење и да се држи на безбедно од криволовците.

Белите жирафи првпат биле забележани во Кенија во 2016. Се верува дека во изминатите 30 години исчезнале 40% од светската популација на жирафи.