ПОТВРДЕНИ УШТЕ 36 СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАТА, НАЈМНОГУ ОВОЈ МЕСЕЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
People with protective masks walk in front of a mural inspired by the "Covid19" in Skopje, Republic of North Macedonia on 09 May 2020.Due to the lower number of newly infected COVID-19 patients the North Macedonia government is considering to lower the quarantine measures in the country. Starting Monday, 11 of May, there will be selective reopening of some restaurants and coffee shops in the country.

Нови 36 случаи на коронавирус се регистрирани во Македонија, што е најголем дневен пораст овој месец.

  • Иако беше најавено, Министерството за здравство објави дека засега нема да има попуштање на рестриктивните мерки, откако денеска беа потврдени 36 новозаразени (од 411 тестирања).
  • Дури 12 од нив се во Тетово, во Скопје има седум нови случаи, во Велес шест, во Куманово и Прилеп по четири, како и еден во Гостивар, Пехчево и Берово, прв во овој град досега.
  • Во Македонија досега има 1.622 позитивни теста.
  • Од последиците на коронавирусот почина 58-годишен велешанец, кој бил хоспитализиран пред една недела.
  • Бројката мртви од КОВИД-19 со тоа порасна на 91.
  • Институтот за јавно здравје извести дека оздравеле уште 13 лица, вкупно 1.112.