ПРЕМИЕРА НА БАЛЕТСКИОТ ПЕРФОРМАНС „МЕТАМОРФОЗА“ НА ИВАНА КОЦЕВСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Балетската претстава „Метаморфоза“, по концепт и кореографија на балерината и солистка во Македонската опера и балет (МОБ) Ивана Коцевска, премиерно ќе се изведе вечерва во 21 часот во салонот на МОБ.

„Метаморфоза“, што се најавува како современ балетски перформанс, е во продукција на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, а се игра во склоп на Скопско лето.

Претставата е работена по музика на Филип Глас и Иван Пенов, со Дино Имери на клавир, а ќе играат: Илијана Данаилов, Христина Наќевска, Ангела Велевска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Медина Јусуфович, Виолета Карајанова, Мартина Димовска, Исидора Краљевска, Мирослав Митрашиновиќ, Ендру Кук, Бојан Мицев, Ивана Коцевска и Теодора Ежовска. Костимите се на Милена Атанасова.