Претставата „Дримкечер“, во продукција на Скоро театар од Скопје, вечерва ќе има премиерна изведба во кино Фросина (20 часот). Драмскиот текст е напишан од Натали Спасова, која е и режисерка заедно со Виктор Бужаров, а играат Сара Климоска, Хари Михајловски, Тамара Ристоска и Стефан Петровски.
„Дримкечер“ е дистописка претстава која ги следи соништата на четворица млади улични музичари, кои постојат во свет каде што сѐ е ограничено, но во исто време, сѐ е достапно и е на продажба.
За потребите на претставата, која се подготвуваше во Прага, ирскиот музичар Деклан Гакиен изработи музички инструменти од отпад. Тој ја напиша и музиката за претставата.