ПРЕТСТАВАТА „КАЛИГУЛА“ ВЕЧЕРВА НА ФЕСТИВАЛОТ НА АНТИЧКА ДРАМА „СТОБИ“ ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (30 октомври) од 20 часот, на фестивалот на античка драма „Стоби“ на сцената на Велешкиот театар ќе се изведе претставата „Калигула“, во продукција на Кумановски театар. Претставата е работена по текст на Албер Ками, а е во режија на Ѓорѓи Ризевски.

„Калигула од претставата е слободен човек, уметник, кој се бори и твори во името на слободата. Удира со главата во ѕид и го руши. Не го прифаќа секојдневието во животот и војува за промени. Сака да се ослободи од правилата на животот и сака неговата душа да биде вечна и да живее на крајот само во љубов“, вели режисерот Ризески.

За потребите на претставата снимен е документарен филм „Калигула“, во режија на Емил Пачковски.

П. ПЕЧКОВ