ПРЕТСТАВАТА „ПРИКАЗНА ЗА ФАМИЛИЈАТА МРАЗ“ ПРЕМИЕРНО ВО КИНО МИЛЕНИУМ НА 23 И 24 ДЕКЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 23 и 24 декември, во скопското кино Милениум премиерно ќе се одржи преставата „Приказна за фамилијата Мраз“. Во двата дена ќе има по две проекции, од 11 и од 13 часот.

Во претставата играат Ненад Митевски, Бојан Кирковски и Наташа Петровиќ.
„Претставата говори за магичен свет во кој постојат дури двајца Дедо Мразовци. Најмладите ќе се запознаат со проблемите со кои се соочуваат двајцата помошници на Дедо Мраз, Тони и Ѕвони, како и со незгодите и збрките што ќе ги предизвикаат помошниците на братот на Дедо Мраз, Црни и Токсик, чија намера ќе биде да се упропасти Новата година”, најавуваат Милениум и МКЦ.

Билетите по цена од 300 денари можат да се купат онлајн на www.bileti.mkc.mk или на билетарницата на Милениум .