„Славната Флоренс“ е насловот на претставата што премиерно ќе се изведе вечерва во Турски театар, со почеток во 19 часот. Во насловната улога на неталентираната оперска пејачка Флоренс Фостер Џенкинс е Бедија Беговска.
Претставата е работена според текстовите на Питер Квилтер, Николас Мартин, Џулија Коган, Билјана Крајчевска и Драгана Милошевска-Попова, која е и режисер. Сценографијата е на Татјана Блажевска-Христоска, а костимите на Розе Трајческа-Ристевска.
Освен Беговска, во претставата играат и Џенап Самет, Селпин Керим, Јеткин Сезаир и Ебру Мусли. Бројот на публиката е ограничен.
Втората изведба е на програмата в петок.