ПРИНЦ ВИЛИЈАМ И ПРИНЦ ХАРИ НА ПРЕМИЕРАТА НА „ПОСЛЕДНИОТ ЏЕДАЈ“

Лондон, (Еј-Би-Си Њјуз)

Принц Вилијам и принц Хари беа присутни на европската премиера на „Војна на ѕвездите: Последиот Џедај“, најновиот дел од серијалот, креиран од Џорџ Лукас во 1977 година.

Вилијам и Хари притоа се сретнаа со некои од главните ѕвезди, Дејзи Ридли, која ја игра Реј, Марк Хамил (Лук Скајвокер) и Џон Бојега (Фин). Гвендолин Кристи, Лора Дерн, Адам Драјвер, Бенисио дел Торо и други ѕвезди на „Последниот Џедај“, исто така, се појавија на црвениот тепих во „Ројал Алберт хол“ во Лондон.

Вилијам и Хари на тепихот беа поздравени од ББ-8 и стормтрупери, како и од шефовите на „Дизни“, вклучувајчи го Боб Игер, претседателот на компанијата.

По месеци шпекулирање, Бојега откри дека Вилијам и Хари имаат камео улоги во филмот.

Кралската фондација на Вилијам, Кејт и Хари покани 400 млади луѓе, воени ветерани и волонтери од програмите кои ги поддржуваат, за да присуствуваат на премиерата.