ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ЗА 27. „ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“ ПОЧНУВА НА 24 ЈАНУАРИ НА ПЛАДНЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (24 јануари) на пладне ќе бидат пуштени во продажба билетите за новото издание на „Златна бубамара на популарноста“, што ќе се одржи на 22 февруари во арената „Борис Трајковски“.

„Под мотото ‘Кој чека, ќе дочека‘, омилената манифестација ќе направи сѐ што ветила во рамките на својот 27. мандат. Сатирично ќе ја раскаже изминатата година и ќе ги донесе на иста сцена најпознатите уметници од Македонија и регионот“, вели организаторот радио „Буба мара“.

Билетите ќе се продаваат преку karti.com.mk и МКТickets.mk и во цвеќарницата „Розе Веро 2“ во Скопје.

„Во време кога нема никаков ред, редно е да имаме ред и седиште на 27. ‘Златна бубамара на популарноста‘. Влезот ќе биде дозволен и за посетители со стари лични карти и пасоши, за кои ќе има организирано колективно фотографирање, делење обрасци и потписи“, додаваат организаторите.

Фото: К. Попов