ПРВА ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА 27 АПРИЛ, КУБАЧОТ НА ШЕКЕРИНСКА ДОБИ 4 ГОДИНИ

Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

Четири години затворска казна денеска доби Панче Ангелов, кој ја кубеше и ја повреди министерката за одбрана Радмила Шекеринска, за време на организираниот напад во Собранието на 27 април, одлучи Основниот суд Скопје 1. За кривичното дело Насилство за кое што е осуден Ангелов, предвидена е казна затвор од 3 до 10 години.

  • Ова е прва затворска казна за насилствата во Собранието на 27 април, откако на 23 мај деветмина учесници во нападот во Собранието на 27 април добија условни казни.
  • Предметот на Панче Ангелов го водеше Основно јавно обвинителство Скопје, а истрага за 27 април има и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
  • Ангелов на судското рочиште минатиот четврток се изјасни за виновен за насилството кое го изврши врз Шекеринска и побара да не му биде одредена затворска казна бидејќи како што рече живее сам и нема кој да му помогне ако оди во затвор.
  • Обвинетиот Ангелов има рок од 15 дена да поднесе жалба на одлуката до Апелациониот суд.
    Шекеринска по завршување на минатото рочиште изјави дека луѓето кои ги организираа крвавите напади, кои ги отворија вратите на Собранието, се кријат и оставаат извршителите на ја носат вината на свој грб.
  • Министерката за одбрана Радмила Шекеринска по завршување на судското рочиште на 6 октомври рече дека луѓето кои ги организираа обвинетите, кои им ги отворија вратите на Собранието и кои го мотивираа насилството ги нема нигде, се кријат и оставаат извршителите да ја носат на свој грб нивната вина.