ПРВОАПРИЛСКИ КОНЦЕРТ НА ДУВАЧКИОТ ОРКЕСТАР ВО ГРАДСКИ ПАРК

Скопје, (СМАРТ:СДК.МК)

Градскиот дувачки оркестар утре ќе одржи првоаприлски параден концерт по повод Светскиот ден на шегата. Концертот ќе се одржи во Градскиот парк  од 12 часот, а ќе бидат изведени маршеви и детски композиции.

Во Зоолошка градина пак во 12:30 часот ќе се одржи првоаприлски маскенбал. За сите оние кои ќе дојдат маскирани, планирано е дефиле на маски со многу музика, забава и дружба.

На бината за настани во Скопје ЗОО ќе настапат талентирани млади музичари, а посетителите ќе имаат можност да се дружат и со слончето Халки.