РАСТЕ ИНТЕРЕСОТ ЗА ПОСТАРА МУЗИКА, ЕЛТОН ЏОН, ЕМИНЕМ И „АББА“ СЕ МЕЃУ ТОП-10 НАЈПРОДАВАНИ АЛБУМИ ВО 2023

Лондон, (Би-Би-Си)

Пејачките имаа добра 2023 година – седум од десетте најдобри синглови на годината се снимени од жени. Мајли Сајрус ја предводеше екипата со нејзината химна на раскинувањето „Цвеќиња“ (Flowers) и собра импресивни 198 милиони стримови.

Побарувачката на музика продолжи да расте лани, па продажбата на винили е зголемена 16. година по ред, а стримувани се рекордни 179,6 милијарди песни само во Велика Британија.

Но, новата музика главно отсуствуваше од 10-те најпродавани албуми. Две години старата компилација со најголемите хитови на Викенд беше на првото место, а албумот на Тејлор Свифт од 2022, „Midnights“, е на второто.

Новите албуми на Луис Капалди, Оливија Родриго и Ед Ширан остварија помали продажби од компилациите со најголемите хитови на Елтон Џон, Еминем, „Флитвуд Мек“ и „АББА“.

Причината за интересот за постара музика е едноставна: со децении музиката е достапна со притискање на копчето, па луѓето им се враќаат на класиците.

(Фото: Ролинг стоун)