Кога Михаел Шумахер во 2004 година ја освои седмата шампионска титула во Формула 1, се чинеше дека ова никогаш нема да биде достигнато.
Три години подоцна, на Ф-1 патеките се појави Луис Хамилтон и следната сезона стана најмлад шампион во историјата. Британецот синоќа во Остин ја потврди шестата титула, од кои пет во рок од шест години и веќе наредната сезона, кога ќе биде 35-годишен, може да се израмни со големиот Шумахер.
Ова се некои од клучните бројки од статистиката на Хамилтон, кои покажуваат каде е тој во споредба со некои од најголемите возачи во историјата.
БРОЈ НА ТИТУЛИ
Михаел Шумахер – 7
Луис Хамилтон – 6
Хуан Мануел Фанџо – 5
Ален Прост, Себастијан Фетел – 4
ПОБЕДИ
Михаел Шумахер – 91
Луис Хамилтон – 83
Себастијан Фетел – 53
Ален Прост – 51
ПРОЦЕНТ НА ПОБЕДИ
Хуан Мануел Фанџо – 46,51% (52 трки, 24 победи)
Алберто Аскари – 39,39% (33 / 13)
Џим Кларк – 34,25% (73 / 25)
Луис Хамилтон – 33,47% (248 / 83)
ТРКИ ЗАВРШЕНИ СО ПОЕНИ
Михаел Шумахер – 221
Кими Раиконен – 212
Луис Хамилтон – 211
Фернандо Алонсо – 202
ПОДИУМИ
Михаел Шумахер – 155
Луис Хамилтон – 149
Себастијан Фетел – 119
Ален Прост – 106
ПОЛ-ПОЗИЦИИ
Луис Хамилтон – 87
Михаел Шумахер – 86
Аиртон Сена – 65
Себастијан Фетел – 57