Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата, најмногу во еден ден досега и со тоа вкупната бројка на дијагностицирани пациенти изнесува 430. По градови, новозаразените се од: Куманово – 23, Скопје – 13, Дебар – 2, Тетово – 2, Велес – 2, Гевгелија – 2, Гостивар – 1 и Прилеп – 1.

Од Министерството за здравство информираат дека двајца пациенти од Куманово и Тетовско починале на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Шеесет и осумгодишниот пациент од село во околината на Тетово имал артериска хипертензија, додека 70-годишниот пациент од Куманово имал хипертензија и срцева слабост, но неговиот тест на КОВИД-19 сè уште не е готов.

Од Инфективната клиника со два контролни негативни теста на КОВИД-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба.

Според податоците на новата веб-страница www.koronavirus.gov.mk, во земјава досега има 430 заболени од коронавирус, од кои 20 се излекувани, а 12 починаа.

Според местото на живеење, случаи на КОВИД-19 досега се регистрирани во:
Скопје – 208
Куманово – 85
Дебар – 49
Штип – 15
Прилеп – 22
Тетово – 15
Струга – 9
Велес – 8
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 2
Гевглелија – 4
Струмица – 1
Крива Паланка – 2
Кочани – 1.

Досега во земјата се направени 4.506 тестирања на КОВИД-19.