НАД 3.000 3-Д ОТПЕЧАТЕНИ МАСКИ СО ВИЗИРИ ДОСТАВЕНИ БЕСПЛАТНО ВО УСТАНОВИ НИЗ ЗЕМЈАВА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Илјада заштитни маски на ден се изработуваат од екипата на иницијативата за печатење медицинска опрема на 3-Д принтери. Со тоа, велат тие, се сѐ поблиску до целта да се изработат и дистрибуираат најмалку 6.000 заштитни маски со визири до крајот на неделата.

Во понеделникот беа доставени околу 925 заштитни маски со визири во голем број јавно-здрaвствени установи низ земјава, меѓу кои во Берово, Виница, Пехчево и Ростуше, како и во болници и клиники во Скопје. Дополнително се предадени 10 заштитни маски со визири на Пазарна инспекција. До денеска се дистрибуирани повеќе од 3.000 вакви маски.

Покрај готови маски, низ државата е испратен е материјал за работа до сите помали производствени групи, а од денеска ќе им се делат заштитни маски и на матичните лекари, според нивни барања.