Песочните дини во пустината Атакама, најсувите места на планетата, овие денови се прекриени со бели и виолетови цвеќиња како резултат на раните зимски дождови во јужната хемисфера.
Атакама е наречена цветна пустина зашто содржи отпорни семиња и луковици кои ги поднесуваат суровите временски услови и се појавуваат како цвеќиња на секои неколку години. Но, неодамнешните обилни дождови, кои се припишуваат на временскиот феномен Ел Нињо, предизвикаа рано цутење.
Оваа појава последен пат беше забележана во 2015.
(Фото: Икс)