РОЛС-РОЈС ПОВЛЕЧЕ РЕКЛАМА СО РАПЕРОТ СКЕПТА ОТИ НЕ Е ВРЗАН СО ПОЈАС

Лондон, (Мирор)

„Не е безбедно“, беше пораката од претседателот на британската Автомобилска асоцијација Едмунд Кинг како одговор на рекламата на Ролс-Ројс, во која што раперот Скепта не носи појас.

Производителот на луксузни возила набрзо потоа ја повлече рекламата за Ролс-Ројс фантом од 360.000 фунти. Во видеото, Скепта и него пријател седат на задните седишта и компонираат нова песна на лаптоп.

„Можеби Скепта, познат музичар, треба да ја слушне неговата песна ‘Не е безбедно’, пред да рапува на задното седиште на Ролс-Ројс, без да биде врзан со појас“, вели Кинг.

Рекламата е снимана на Швајцарските алпи, а во Швајцарија, исто така, е задолжително за сите патници во возилото да бидат врзани со појас. Казната е 200 швајцарски франци.