ОСКАРОВЕЦОТ ВАИТИТИ ЈА СНИМИ НОВАТА БОЖИЌНА РЕКЛАМА НА „КОКА-КОЛА“

Лос Анџелес, (Индипендент)

Режисерот на „Тор: Рагнарок“ и „Зајакот Џоџо“, оскаровецот Таика Ваитити, ја сними новата божиќна реклама за „Кока-кола“. Насловена „Писмото“ (The Letter), таа засега е достапна само онлајн, а на телевизиите ќе се емитува од следниот месец.

Во мај беше објавено дека Ваитити ќе биде режисер и сценарист на нов филм од серијалот „Војна на ѕвездите“. Ваитити, кој оваа година го освои Оскарот за најдобро адаптирано сценарио за „Зајакот Џоџо“, исто така го прави новиот, четврти филм за Тор, кој треба да излезе во 2022 година. Новозеландскиот филмаџија веќе влезе во универзумот на „Војна на ѕвездите“, откако го режираше финалето на првата сезона на спиноф серијата „Мандалорецот“.