Американскиот Сенат денеска го ратификуваше пристапниот Протокол за влез на Република Северна Македонија во НАТО, што останува да го направат уште четири земји за да се потврди приемот во полноправно членство.

  • САД се 25. земја која го усвоила Протоколот.
  • 91 сенатор гласаше „за“, а 2 „против“ Протоколот.
  • Тој треба да биде усвоен уште во парламентите на Франција, Шпанија, Исланд и Холандија.
  • Се очекува Македонија да биде примена во НАТО на Самитот што ќе се одржи на 3/4 декември во Лондон.
  • Одложување е, сепак, можно, бидејќи парламентот во Шпанија беше распуштен во пресрет на изборите на 10 ноември.
  • Пристапниот протокол беше потпишан од амбасадорите на земјите членки на НАТО на 6 февруари во Брисел.